Женската репрезентација на Македонија заврши на третата позиција во групата А на Европското првенство 2024, кое се одржува во Унгарија, Австрија и Швајцарија.
Македонија на стартот на континенталниот собир беше поразена од Шведска, потоа одигра реми со Турција, а денеска загуби од Унгарија.
Нашата репрезентација до третата позиција стигна, откако вечерва Шведска ја декласираше Турција со 47:19, па така турските ракометарки со најлоша гол-разлика завршија на последната позиција во групата А.
За конечниот пласман, односно кои репрезентации ќе бидат рангирани од 13 до 24 место, ќе дознаеме по комплетирањето на последното коло од групната фаза.
Утре ќе се знае дали Македонија ќе биде во прв, или пак во втор шешир пред ждрепката за пласман на Светското првенство 2025.