По женската екипа на Кометал Ѓорче Петров, како и Вардар, кои ја освоија титулата во Лигата на шампионите, Македонија го доби четвртиот европски првак во куповите на ЕХФ.
Екипата на Охрид славеше со 31-25 над унгарската Татабања во реваншот од финалето на ЕХФ Европскиот Куп и се радуваше на трофејот.
„Гладијаторите“ испишаа не само клупска историја, туку и во историјата на македонскиот клупски ракомет.
За наредната сезона Охрид влегува со уште поголеми амбиции.























