Екипата на Вјоса, во која настапуваат неколку играчи од Македонија, запиша нова победа во косовскиот шампионат.
Вјоса во натпревар од 3. коло на домашен терен ја пречека екипата на Вуштрија и успеа да триумфира со четири гола разлика, 33:29.
Македонците повторно беа во елемент, средниот бек Стефан Кочаров постигна седум погодоци, четири додаде Синиша Павлов, а две реализации имаше Филип Димевски.
На голот солиден беше Илија Трпевски, кој на гостите им одбрани и три пенали и беше меѓу најзаслужните за остварената победа.
Вјоса сега има четири бодови на табелата, а во следното, 4. коло ќе гостува ќе игра против Љапи.