Полуфиналистот во Лигата на шампионите, Магдебург, го задржа капитенот и за следната сезона.
Норвешкиот репрезентативец Кристијан О’Саливен стави потпис на нов едногодишен договор и ќе продолжии да го носи дресот на бундеслигашот.
О’Саливен, кој се врати во ростерот на тимот по повредата на СП 2025, ќе игра во Магдебург најмалку до следното лето.
Со одработувањето на новиот едногодишен договор, норвешкиот репрезентативец ќе комплетира деценија во Магдебург.