Европскиот шампион Магдебург пред настапот на завршниот турнир во Лигата на шампионите, славеше и на домашно тло.
По поразот на Фуксе Берлин од Бергишер на домашен терен, замина и нивната последна надеж да го стигнат Магдебург.
Избраниците на Бенет Вигерт прославија сигурен триумф кај Рајн Некар Левен со 34-21 и сега веќе се недостижни на врвот.
Магдебург има 60 бодови на врвот, а последниот дуел на домашен терен против Вецлар ќе биде само формалност.
Фуксе е втор на табелата со 54 бодови, и ќе игра во Лигата на шампионите следната сезона.