Двајца „Македонци“ на списокот на Полска, двајца меѓу резервите за мундијалскиот бараж

Селекторот на машката репрезентација на Полска, Хавиер Хота Гонзалез, го објави списокот на ракометари за бараж двомечот со Австрија за пласман на СП 2027.

Двајца ракометари од македонското првенство се најдоа во скратениот список од 18 играчи, додека уште двајца се на списокот на резерви.

Пивотот на Вардар, Виктор Јанковски и десниот бек на Еурофарм Пелистер, Анжеј Видомски, ќе играат против Австрија во двомечот, а двајцата вардарци – голманот Милош Валах и десниот бек Марек Марчињак се меѓу резервите.

Добра вест за полските навивачи е камбекот на левиот бек Симон Сичко, како и десното крило Микал Дашек, по подолга пауза, а тука се Морито, Олејничак, Гебала…

Првиот меч ќе се игра во Грац на 14 мај, додека реваншот по кој ќе биде познат патникот на Мундијалот е закажан за 17 мај во Олстин.