ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Охрид по финале и меч за трофеј – Целје треба да се „удави“ во „Билјанини Извори“

Во центарот на вниманието на македонската јавност денеска ќе биде пресметката во Охрид меѓу македонскиот тим и словенечкиот Целје во полуфиналето од ЕХФ Европскиот Куп.

Некогашниот европски првак славеше на првата пресметка со охриѓани со 27-26, иако имаше предност и од седум гола, сепак македонскиот тим успеа да се врати на минус еден, негатива што е достижна во преполната сала „Билјанини Извори“.

Охрид игра историска сезона што има можност да ја круниса не само со финалето во ЕХФ Европски Куп, туку и со второто место во суперлигашкиот плеј-оф и изборено учество во Лигата на Европа, ако првакот добие вајлд-карта за Лигата на шампионите.

Мечот меѓу Охрид и Целје се игра вечерва во салата „Билјанини Извори“ со почеток од 19:00 часот.

На домашна сцена се играат три средби. Во плеј-офот од Супер машката лига ќе има интересна битка меѓу Бутел Скопје и Тиквеш, во битката за петтото место и Европа, додека во плеј-аутот, лидерот Прилеп гостува кај Куманово.

Во прволигашката конкуренција кај дамите, тимот на Атлетик кој не знае досега за пораз во целата сезона ќе ја пречека екипата на Деспина.

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:

13:00 АТЛЕТИК – ДЕСПИНА (МАКЕДОНИЈА)
18:00 БУТЕЛ СКОПЈЕ – ТИКВЕШ (МАКЕДОНИЈА)
18:00 КУМАНОВО – ПРИЛЕП (МАКЕДОНИЈА)
19:00 ОХРИД – ЦЕЛЈЕ (ЕХФ ЕВРООСКИ КУП)