Ракометот ќе ги отвори ЛОИ 2028 – финалињата за злато на 27 и 28 јули!

Ракометниот турнир на Олимписките игри во Лос Анџелес 2028 ќе започне уште пред официјалното свечено отворање на Игрите. Машките репрезентации први ќе излезат на терен на 12 јули, додека женскиот турнир ќе стартува еден ден подоцна, на 13 јули.

Со тоа, ракометот ќе биде меѓу спортовите што ќе ја отворат олимписката програма, а ќе добие свое место и во последната недела од Игрите. Групната фаза ќе трае до 20 јули, по што следува нокаут-делот со четвртфинални и полуфинални натпревари.

Машките четвртфиналиња се закажани за 23 јули, а женските еден ден подоцна, на 24 јули. Полуфиналните дуели ќе се играат на 25 јули за мажите и на 26 јули за жените.

Медалите ќе се делат во завршните два дена од ракометниот турнир. Машките селекции ќе ги одиграат натпреварите за бронза и злато на 27 јули, додека женскиот турнир ќе кулминира на 28 јули со дуелите за медал.

Со ваквиот распоред, ракометот ќе има централно место во олимписката програма на Лос Анџелес 2028 – од раниот старт, до финалните битки за олимписко злато пред крајот на Игрите.

____________________________________________________________________________________________________
▶▶▶  Добивај директно вести на твојот мобилен телефон, приклучи се на Viber групата на семејството на 24ракомет. Со еден клик до сите ракометни вести.
_____________________________________________________________________________________________________

Спектакл на ОИ 2028 – ракомет ќе се игра покрај плажа