Македонската ракометна репрезентација ја очекува предизвик на гостувањето кај Словачка, во првиот бараж натпревар за пласман на Светското првенство 2027. Мечот ќе се игра на 14 мај во Прешов, во „Татран Арена“, со почеток од 19 часот.
Словаците одбраа град кој ретко е домаќин на репрезентативни мечеви, и истовремено не е така лесно да се стигне. Победникот од овој двомеч ќе игра на СП 2027 година.
Патот до Прешов не е едноставен, особено за навивачите од Македонија, бидејќи нема директна авионска врска и патувањето бара преседнување, чекање по аеродроми и дополнителна организација. Затоа, голема улога може да има македонската дијаспора, која и овојпат најавува силна поддршка за националниот тим.
Токму тука на сцена стапува македонската навивачка група од Виена, која и овојпат покажува дека секогаш е таму каде што игра Македонија. „Македонска фаланга“ организира патување за Прешов, а според најавите веќе се обезбедени билети и најмалку еден автобус со навивачи ќе биде присутен на трибините.
„Македонска фаланга“ одамна е препознатлива по тоа што ја следи Македонија низ Европа, а сега повторно ќе биде дел од важен дел од поддршката на репрезентацијата.
Од трибините ќе одекнува македонска песна, што сигурно ќе биде дополнителен мотив и „ветер во грб“ за избраниците на селекторот во борбата за позитивен резултат пред реваншот.
____________________________________________________________________________________________________
Добивај директно вести на твојот мобилен телефон, приклучи се на Viber групата на семејството на 24ракомет. Со еден клик до сите ракометни вести.
_____________________________________________________________________________________________________
























