Mеталург го декласираше Ѓорче Петров, му нанесе нов пораз

Ракометарките на Металург во натпревар од Супер женската лига беа убедливи против амбициозниот проект на Ѓорче Петров со 28:17 со што му го нанесоа вториот пораз на тимот кој најавуваше атак на врвот во оваа сезона.

Натпреварот го отвори искусната ракометарка од домашниот состав, Стојановска. По неколкуте интервенции на голманките од двата табора, Антиќ и Илјаз, ракометарките на Металург конечно дојдоа до реализација и го постигнаа првиот гол во 8. минута преку Николиќ.

Металург со головите на Младеновска и Калајџиевска стигна до два гола позитива, 3:1. Падот во играта на ѓорчепетровки беше причина за највисоко водство на екипата од Автокоманда, 5:2, по петнаесетина минути игра.

Ѓорче Петров го намали водството на гостинките на 5:7 преку Стојановска, откако претходно избраничките на Јулијана Дамчевска пропуштија шанса за четири позитива. Кризата во домашниот табор продолжи и во следните минути, па така гостинките стигнаа до 10:5 на седум минути пред крајот на првиот дел.

Цврстата одбрана на Металург беше главен сегмент во нивниот тим. Трајковиќ, Младеновска и Калајџиевска беа ракометарките кои му донесоа и седум гола разлика на Металург, 12:5, а на полувреме резултатот беше 13:8 за гостинките.

Во вториот дел, ракометарките на Металург продолжија да ја одржуваат стекнатата предност од првите 30 минути. Ѓорче Петров во 35. минута имаше негатива од шест гола, 10:16. Со головите на Коларовска и Ива Велкова, Ѓорче Петров намали на 12:16, и се обиде да фати приклучок.

Сепак, на двата гола од страна на Ѓорче Петров, Металург возрати и дојде до 20:12. Составот на Металург не дозволи никакво опуштање, со многу жар за победа, ја контролираше играта до последната секунда. Веќе при резултат 25:16 за Металург, јасно беше дека домаќинот ќе остане со празни раце и болен пораз.

Најефикасни во Металург беа Мила Трајковиќ и Ива Младеновска со по седум гола. Во Ѓорче Петров единствено расположени беа Симона Стојановска со шест и Ана Марија Коларовска со пет гола.

Овој пораз беше втор за Ѓорче Петров, додека екипата на Металург има само еден пораз во досегашниот дел од сезоната. Тоа укажува на фактот дека во оваа сезона ќе биде неизвесно кој ќе ја добие титулата во најквалитетното женско натпреварување во Македонија.

ЃОРЧЕ ПЕТРОВ ЖРК – МЕТАЛУРГ           17:28 (8:13)

Сала: „Христо Ботанџиев“ во Скопје. Судии: Виктор Андонов и Стојанче Јовановски од Скопје. Делегат: Марјан Огњановски од Скопје.

ЃОРЧЕ ПЕТРОВ ЖРК: Антиќ, Кицеска, Трпеска, Петровска, Стојановска 6, А. Велкова, Ѓорѓиевска, Василева, Урбан 1, Божинова, Белевска 1, Коларовска 5, Јанкуловска 1, И. Велкова 1, Цветановска 2

Седмерци: 7/9, Исклучувања: 6 мин.

МЕТАЛУРГ: Илјаз, Васева, Ѓошевска, Гугуљанова 5, петреска, Трајковиќ 7, Ивановска, коловска 2, Арсениевска 1, Младеновска 7, Темелковска, Калајџиевска 4, Божиновска, Нестороска, Тодоров, Николиќ 2.

Седмерци: 1/1, Исклучувања: 10 мин.

СУПЕР ЖЕНСКА ЛИГА – ТАБЕЛА

ПозЕкипаНПРЛБ
1ЃОРЧЕ ПЕТРОВ12120036
2СТРУЖАНКА1270521
3ОВЧЕ ПОЛЕ С. У.1270521
4АСТИБО123099
5ДЕСПИНА123099