Mакедонка е кралица на стрелците во Швајцарија

Македонската интернационалка, Симона Гроздановска и нејзината екипа Винтертур забележаа минимален пораз во шампионатот на Швајцарија, откако на гостински терен беа поразени од Цуг со 28:27.

Домашната екипа иако имаше негатива од два до три гола во првиот дел, сепак на пауза замина со гол предност, 15:14. Во вториот дел, Винтертур посетепно го губеше натпреварот, а во последните минути, Гроздановска и нејзините колешки не успеаја да стигнат до израмнување на резултатот бидејќи немаше доволно време.

Македонката беше најефикасна во својата екипа со 11 гола од 15 обиди, и продолжува да биде на првото место на листата на стрелци во швајцарското првенство.

Во следното коло, Винтертур ќе игра против Херцогенбуш. Винтертур моментално на табелета се наоѓа на 5. позиција со четири освоени бодови и има биланс од две победи и два порази.