Mакеда го пропушта стартот на подготовките, Гурбиндо доби друштво од ПИК Сегед

Во составот на репрезентацијата на Шпанија за подготвителниот период за Европското првенство има една промена, а тоа е на позицијата десен бек.

Селекторот Жорди Рибера нема да смета на Хорхе Македа во првата фаза од подготовките, а причините не ги објавија ниту федерацијата, ниту медиумите.

Неговата замена доаѓа од ПИК Сегед, Иманол Гарсијандија, а тој ќе му прави друштво на Едуардо Гурбиндо на десната бековска позиција.

Првата фаза од подготовките на шпанската репрезентација ќе стартува на 26 декември.

Шпанија на Европското првенство во Унгарија и Словачка се наоѓа во групата Е со селекциите на Шведска, Чешка и Босна и Херцеговина.