Македонскиот репрезентативец Иван Џонов не е повеќе ерген.
Тој и приреди романтично запросување на неговата досегашна девојка Марија Димитровска.
Левото крило на тимот од Автокоманда доби потврден одговор, радоста беше неизмерна, а двојката се пофали на социјалните мрежи.
Веднаш по објавата започнаа да пристигнуваат честитки од сите страни, но и од актуелни или поранешни соиграчи на Џонов.
Тој во моментов настапува во тимот на Кирил Лазаров, а претходно беше дел од составот на Пролет.


























