Легендарниот Олсон останува на клупата на „лалињата“

Ракометната федерација на Холандија денес преку официјалната страна соопшти дека ракометната легенда од Шведска, Штафан Олсон, ќе остане на клупата на репрезентацијата на „лалињата“.

Олсон, кој ја презеде холандската репрезентација во текот на месец август 2022 и со своите избраници учествуваше на Светското првенство 2023, си доби нов договор и селекторската функција ќе ја извршува најмалку до 2026 година.

Швеѓанецот во периодот од 2008 до 2016 година беше селектор на репрезентацијата на Шведска. Во 2016 година заедно со Шведска го освои сребрениот медал на Олимписките игри во Бразил.

Како играч, но и како клупски тренер постигна голем број успеси. Од 2015 до 2018 година беше и на кормилото на француски ПСЖ и со тимот од Париз оствари одлични резултати во Лигата на шампионите.

Сега Олсон со Холандија ќе има нов предизвик, а тоа ќе биде настапот на Мундијалот 2024 во Германија.

Ракометарите на Холандија во првата фаза од Светското првенство ќе настапат во група со Шведска, БиХ и репрезентацијата на Грузија.

Холанѓаните заедно со скандинавците се фаворити во оваа група и се очекува лесно да обезбедат пласман во следната фаза од Мундијалот.