Легендарниот Јурецки кажа крај!

Легендарниот полски репрезентативец Михал Јурецки денеска објави дека ја завршува богатата спортска кариера.

Тој кажа крај на 38 години како член на Азоти Пулави, кој последните сезони беше во тројката зад Келце и Висла Плоцк.

Јурецки е дел од историјата на полскиот машки ракомет, како еден од најдобрите ракометари. Тој дебитираше во 2005 година за националниот тим, каде беше меѓу лидерите.

Со Полска освои сребро на СП во 2007 година и две бронзи на СП 2009 и СП 2015 година, а играше и во полуфинале на ОИ во 2016 година.

За полската репрезентација на Полска одигра досега 198 натпревари и постигна 547 погодоци.