Денеска стартуваше новата сезона во Лигата на Европа, а на победа во првото коло се радуваа екипите на Фленсбург, Татабања, Тулуз, Гумерзбах и Криенс Луцерн, а два натпревари завршија нерешено.
Бенфика, во која настапува репрезентативецот на Македонија, Филип Талески, освои два важни бода на гостувањето во Швајцарија кај Кадетен Шафхаузен триумфирајќи со 26:25.
Без победник заврши дуелот меѓу екипите на Констанца и Иштад, шведскиот тим, кој за ривали ги има уште Бидасоа и Хобри Глогов, покажа дека има квалитет да ја мине групата.
Ниту на натпреварот меѓу Горење Велење и ГОГ немаше победник, откако двете екипи во големата борба си ги поделија бодовите.
Најубедлива победа во натпреварите, кои што беа на програмата од 18:45 часот, оствари екипата на Фленсбург.
Бундеслигашот на свој терен немаше проблеми против Сесвете од Хрватска и дојде до триумф, кој што беше изразен со 17 гола разлика, 42:25.
Лига на Европа, 1. коло, резултати:
Група А
Горење – ГОГ 35:35
Луцерн – Адемар 34:30
Група Б
Монпелје – Силкеборг 20:45Ч
Забже – Гранољерс 20:45
Група Ц
Кадетен – Бенфика 25:26
Лимож – Татран 20:45Ч
Група Д
Констанца – Иштад 29:29
Бидасоа – Хобри 20:45Ч
Група Е
Кил – Торелавега 20:45Ч
Нексе – Војводина 20:45Ч
Група Г
Фленсбург – Сесвете 42:25
Татабања – Карвина 28:27
Група Ф
Порто – Мелсунген 20:45Ч
Вардар – Вачур 20:45Ч
Група Х
Гумерзбах – Свехоф 37:35
Тулуз – ФХ 37:30