Лазаров со истите 16 од Унгарија и против брзата Холандија

Машката репрезентација на Македонија денеска ќе го одигра вториот натпревар на Светското првенство 2025.

Втор ривал на Македонија е брзата Холандија, која на денешниот натпревар влегува како истакнат фаворит.

Составот на нашата репрезентација ќе биде истиот што настапи на натпреварот против Унгарија, па така на трибини ќе останат Иван Галевски, Валентин Карасманакис и Александар Петковски.

Кај Холандија ќе играат трите клучни играчи –  Лук Стеинс, Дани Бајенс и Кај Смитс, како и членот на Вардар, Ларс Коиј.

Натпреварот меѓу Македонија и Холандија е закажан за 18:00 часот во „Вараждин Арена“.