Еден од најдобрите стрелци минатата сезона, Дејан Михајловиќ, се договори за нова соработка со Бутел Скопје
Кружниот напаѓач потпиша нов договор на две сезони и ќе остане во Бутел Скопје најмалку до летото во 2028 година.
Поранешниот кадетски и младински репрезентативец на Македонија потекнува од школата на Илинден Вардар, каде работеше под тренерската палка на Дарко и Александра Јаневи, а во 2020 година се пресели во Бутел Скопје.
Бутелци почнуваат нова ера со Стојанче Стоилов на кормилото, а досега ги потврдија ангажманите на голманите Градимир Чаневски и Марко Богдановски. Десното крило Бојан Спасовски исто така го продолжи договорот.
____________________________________________________________________________________________________
Добивај директно вести на твојот мобилен телефон, приклучи се на Viber групата на семејството на 24ракомет. Со еден клик до сите ракометни вести.
_____________________________________________________________________________________________________
























