Младост Богданци донесе десно крило

Десното крило Мартин Иванов е најновото засилување за тимот на Младост Богданци, кој се враќа во Супер лигата од новата сезона.

Иванов потекнува од Велес, играше за Борец ФЛ, потоа и за Куманово, од каде што доаѓа во Богданци, а зад себе има настапи во младинската репрезентација на Македонија.

Во Младост Богданци ќе формира дуо на десната крилна позиција со Ѓорѓе Атанасов, уште еден младински репрезентативец на Македонија.

Претходно Младост Богданци ги продолжи договорите со Живојин Илиќ, Даниел Андоновски и Ѓорѓе Атанасов, а останува и тренерот Горан Андоновски.

Досега клубот ги донесе пивотот Владимир Бојаниќ, левиот бек Тодор Узунчев, левото крило Славе Јанковски и голманот Благој Панов, а се раздели со Кристијан Костадиновски, Лазар Адамовиќ, Никола Димитров и Жоао Гекас. Професионални договори потпишаа и двајца младинци – пивотот Мартин Стојановски и бекот Никола Тасев.

____________________________________________________________________________________________________
 ▶▶▶ Добивај директно вести на твојот мобилен телефон, приклучи се на Viber групата на семејството на 24ракомет. Со еден клик до сите ракометни вести.
_____________________________________________________________________________________________________