Лазаров скрати список – 19 ракометари во конкуренција за настап на ЕП

Селекторот на машката репрезентација на Македонија, Кире Лазаров, го скрати списокот на ракометари кои се во конкуренција за настап на Европското првенство во Германија 2024 година.

Лазаров на подготовките ќе смета на 19 ракометари, а има уште плус осум резерви, кои може да се приклучат во секој момент, доколку има потреба.

Македонија како дел од подготовките за континенталниот собир ќе одигра пријателски натпревари против Црна Гора и Грција.

Собирот на репрезентативците ќе биде на 20 декември во 18:30 часот, а веќе следниот ден ракометарите заминуваат на подготовки во Србија.

Нашата репрезентација се најде во тешка група на ЕП и ќе игра со велесилите Германија и Франција, како и против незгодната Швајцарија.