Лазаров прозиваше – направи една принудна промена и повика нов играч

Машката репрезентација на Македонија денеска го имаше собирот пред стартот на квалификациите за ЕП 2026.

Селекторот Кирил Лазаров сметаше на 20 ракометари, а на списокот на резерви имаше дополнителни осум.

Тој мораше да направи една принудна замена во составот и на местото на десниот бек на Вардар, Томислав Јагуриновски, повика нов ракометар.

Јагуриновски нема да може да настапи поради повреда што ја влече подолго време, па на негово место во националниот тим ќе биде Давид Савревски.

На првиот собир беа присутни сите останати ракометари. Првиот меч Македонија го игра в среда на 6 ноември од 20:00 часот во СЦ „Борис Трајковски“ против Естонија, додека на 10 ноември од 17:00 часот ќе и гостува на Литванија во вториот дуел што ќе се игра во „Авиа Солушнс Арена“ во Виљнус.