Лазаров: Филип има „динамит“ во себе, убеден сум дека ќе се врати во Европа!

Репрезентацијата на Македонија иако заврши на 15. позиција на Светското првенство, сепак, рамо до рамо се носеше со сите посилни репрезентации.

Македонија во групната фаза одигра реми со Унгарија, загуби од Холандија, додека на натпреварот против Гвинеја немаше многу проблеми.

Во главната фаза триумфираше над Катар, одигра реми со Австрија, а против Франција се претстави во солидно светло.

Селекторот на Македонија, Кире Лазаров, во разговор за хрватскиот портал tportal.hr зборуваше за настапот на Македонија на СП, како и за лидерската улога на Филип Кузмановски.

„Видов дека има нешто во Филип. Јас му ја дадов капитенската лента, бидејќи е јасно дека е лидер на оваа генерација. Без проблем ја прифати улогата и целата одговорност што доаѓа со неа. Тој играше во Магдебург, Хановер и Вецлар. Станува збор за голем талент и сигурен сум дека има многу „динамит“ во себе. Убеден сум дека ќе се врати во Европа и дека ќе биде многу посилен од порано. Го познавам долго време, му бев идол кога игравме заедно, имаме фантастична комуникација и сигурен сум дека Филип може да биде голема ѕвезда на светскиот ракомет“, изјави Лазаров.

Еве го ранкингот од 9 до 24 место на СП: Македонија пред Шпанија, Чешка, Австрија…