Еве го ранкингот од 9 до 24 место на СП: Македонија пред Шпанија, Чешка, Австрија…

По комплетирањето на натпреварите од главната рунда на Мундијалот во Хрватска, Данска и Норвешка, познат е пласманот на селекциите од 9 до 24 место, додека пласманот од 25 до 32 место ќе биде познат по комплетирањето на дуелите од Президент Купот.

Македонијa заврши на 15 место, но зад нашата селекција завршија репрезентации од типот на Италија, Австрија, Шпанија, Чешка, Катар, Тунис…а во Президент Куп на пример играше Полска.

Избраниците на Кирил Лазаров има две победи – над Гвинеја и Катар, две реми средби со Унгарија и Австрија, како и два порази од Холандија и Франција.

Пласман на СП 2025:

9.Исланд
10.Норвешка
11.Швајцарија
12.Холандија
13.Словенија
14.Шведска
15.Македонија
16.Италија
17.Австрија
18.Шпанија
19.Чешка
20.Аргентина
21.Катар
22.Тунис
23.Зеленортски Острови
24.Чиле