Дукоска заработи повреда – во трка со времето за настап на „Трофеј Македонија“

По Марија Јанкуловска, уште една македонска репрезентативка која летово направи трансфер во странство, ќе го пропушти стартот на сезоната.

Десниот бек Теодора Дукоска, дел од Ол-стар тимот на 24Ракомет во Супер женската лига за минатата сезона, заработи повреда на палецот и би требало да биде надвор од терените неколку недели.

Таа ќе биде во трка со времето за настап на „Трофеј Македонија“ во септемвриската ЕХФ недела, во случај новиот селектор да смета на нејзините услуги.

Стружанката ова лето потпиша за словачкиот тим Јувента Михаловце и прикажуваше одлични партии на стартот на подготовките на пријателските средби.