Германскиот состав Аполда, кој важи за македонска колонија во една од најракометните земји во светот, имаше одлично загревање за новата сезона.
Аполда, која е предводена од македонскиот стратег Игор Тоскоски, а каде што играат уште четворица ракометари (Александар Стојаноски, Пеце Ѓорѓиески, Христијан Милошески, Дејан Гошевски), освои претсезонски турнир во Хермсдорф.
Тимот на Тоскоски во полуфиналето го победи составот на Магдебург Олвенштед со 32-25, а Милошески на овој меч даде 13 гола, Гошевски стрелаше шест пати, а Ѓорѓиески три пати.
Во финалето на турнирот, Аполда беше подобра од домаќинот Хермсдорф со 34-29, а Милошески одново беше најдобар стрелец со девет гола, додека Гошевски постигна шест.
Милошески беше прогласен за МВП на турнирот што го освои Аполда, која во новата сезона ја очекува настап во четвртата регионална конкуренција.
_________________________________________________________________________________________
▶▶▶ Добивај директно РАКОМЕТНИ ВЕСТИ вести на твојот мобилен телефон, приклучи се на Viber групата на семејството на 24ракомет. Со еден клик до сите вести.
_____________________________________________________________________________________________________
























