Полскиот шампион Келце се соочува со повреди на дел од клучните ракометари пред стартот на официјалниот дел од сезоната.
Најсериозна е ситуацијата со левиот бек Симон Сичко, кој повторно ќе мора да оди на операција на коленото.
Тој го оперираше истото колено пред скоро две години, но утврдени се дегенеративни промени како последица од претходните повреди и операции, па неизбежен е нов оперативен зафат за конечно да биде решен проблемот.
Колкава ќе биде неговата пауза, не е потврдено.
Новото засилување Милорад Бакиќ заработи скршеница на коската на левата рака на еден од тренинзите, ги пропушти подготвителните турнири во Унгарија и Шпанија, па јасно е дека ниту тој нема да биде подготвен за стартот на сезоната.
Добри вести за Михаил Олејничак правеше операција на менискусот и иако за него се предвидуваше пауза од три месеци, сепак би можел да се врати порано на терените, иако тоа нема да биде на стартот на сезоната.
Ако се знае дека од претходно на рехабилитација е десното крило Аркадиуш Морито, тогаш главоболките на тренерот Криштоф Лијевски се големи, а сезоната уште не е почната.


























