Филип Кузмановски по вторпат стана татко – доби ќерка!

Капитенот на Еурофарм Пелистер и македонската репрезентација, Филип Кузмановски, денеска има голема причина за славење.

Битолчанецот по вторпат стана татко, откако неговата сопруга Моника на свет донесе женско бебе.

Тие двајца се горди родители на синот Матијан, а сега станаа родители и на ќерка, на која и го дадоа името Каја.

Филип и Моника добија многу честитки, а сигурно ќе има честење и мекици во битолскиот клуб.