Машката репрезентација на Македонија одигра реми против Австрија, 29:29, во натпревар од првото коло од главната фаза на Светското првенство 2025 во Данска, Норвешка и Хрватска.
Голот за реми на Македонија беше дело на капитенот Филип Кузмановски, кој од десет метри успеа да реализира, па така големата драма заврши без победник.
Иако Кузмановски можеше да биде трагичар, бидејќи промаши пенал во последната минута, сепак, кога најмногу требаше презеде одговорност.
,,На крајот можев да бидам трагичар, промашив пенал, но на крај ме посака среќата, одигравме 7 на 6, имавме само пет секунди, имав самодоверба, презедов одговорност и успеав”, вели Кузмановски.
Капитенот на Македонија истакнува дека заедно со неговите соиграчи биле поквалитетен ривал од Австрија.
,,Што се однесува до натпреварот, покажавме голема борба, мислам дека 60 минути бевме поквалитетни од ривалот, не сакам да потценам никого, сега ќе треба да направиме анализа, мал проблем беше нивната игра 7 на 6, не можевме да се одбраниме, знаевме што прават, како играат, но не бевме доволно трпеливи, Австрија тоа го искористи, играше до последна шанса, но на крај среќни сме со освоениот бод”, истакна Кузмановски.
Македонија до крајот од главната фаза ќе игра против репрезентациите на Катар и Франција.
,,Сега ни претстојат натпреварите со Катар и Франција, можеби се познава заморот од претходните натпревари, имаме уште два натпревари, треба едноставно да изгиниме и да се избориме до крај, се надевам дека одиме на победа и треба да ги израдуваме нашите навивачи со победа над Катар”, заврши Кузмановски.
Македонија во четврток од 15:30 часот игра против Катар.
🎥 ЛАЗАРОВ „НАЦРТА“, КУЗМАНОВСКИ СПРОВЕДЕ: Еве го последниот тајм-аут!
Драма во Вараждин: Кузмановски и донесе реми на Македонија против Австрија