ЃОРЧЕ ПЕТРОВ Е СТАРО-НОВ ШАМПИОН НА МАКЕДОНИЈА!

Тимот на Ѓорче Петров е старо-нов шампион на Македонија!

„Лавиците“ славеа лесна победа на гостувањето кај Астибо со 46-24 и петти пат по ред се искачија на шампионскиот трон, односно ја освоија 22 титула во македонскиот шампионат.

Сега Ѓорче Петров има 47 бодови на првото место на три кола до крајот, додека Чаир останува на 40, но има и меч помалку. Со оглед на тоа што „лавиците“ ќе добијат службени бодови од средбата со Металург Автокоманда и математички ја потврдија новата титула.

Мечот во Штип беше решен по првиот дел, кога Ѓорче Петров водеше со 25-14, а второто полувреме беше само формално одработување на задачата.

Емилијана Ризоска со осум и Теодора Дукоска со седум погодоци беа најдобри стрелци во победничкиот тим, додека Марија Анчева стрелаше десет пати за Астибо.

Титулата Ѓорче Петров ќе ја добие на последниот домашен натпревар на 30 или 31 мај против екипата на Спартак.