Денеска во центарот на вниманието ќе биде реванш средбата од баражот за СП 2027 година меѓу Македонија и Словачка.
Избраниците на Кирил Лазаров славеа на првата пресметка со Словаците со 31-24 и практично се пласираа на Мундијалот, но сигурно нема да препуштат ништо на случајот и ќе одат на нов триумф пред полна сала.
Селекторот направи две промени во составот. На местото на Томислав Јагуриновски и Валентин Карасманакис во игра ќе бидат Филип Николов и Марко Стојковиќ, додека одново надвор од комбинација останаа Васил Гогов и Мартин Ивановски.
Македонија брка пласман на осмо СП по ред, односно десетто вкупно во репрезентативната историја и се наоѓа на милиметри до остварување на целта.
Натпреварот меѓу Македонија и Словачка се игра од 19:00 часот во СЦ „Борис Трајковски“, а забавата пред платото на салата почнува од 13:00 часот со „национален ден на ракометот“ – настан во кој ќе има забава за сите генерации.

























