Селекторот на машката кадетска репрезентација на Македонија, Горан Кузманоски, го објави поширокиот список на ракометари пред Европското првенство во Србија.
Овој список ќе биде скратен за стартот на подготовките што ќе биде на 6 јули во Скопје, а потоа ќе биде дефиниран конечниот список на патници за Белград.
Ќе бидат одиграни низа контролни натпревари, а дел од подготовките ќе бидат одработени надвор од Македонија.
Македонија е во група со Словенија, Шведска и Франција на ЕП во Белград, што ќе се одржи од 29 јули до 9 август.
























