КУП НА МАКЕДОНИЈА: Вардар и Еурофарм Пелистер се избегнаа во полуфинале – еве ги двојките за Ф4

Денеска во просториите на Ракометната федерација на Македонија беше извршена ждрепката за полуфиналните парови во Купот на Македонија.

Бранителот на трофејот во машка конкуренција, Вардар, ќе игра против „сино-белите“ од Автокоманда во првиот полуфинален двобој.

Тимот на Тиквеш, кој е дебитант на завршните турнири, ќе се соочи со македонскиот првак Еурофарм Пелистер.

Завршниот турнир во Купот на Македонија на најдобрите четири екипи ќе се игра во СЦ „Борис Трајковски“ од 17 до 19 мај.