Куманово станува бразилска колонија – потпиша и кружен напаѓач

По десниот бек Гиљерме Да Силва Фернандес и левиот бек Џанкарло Фепипе Хен, тимот на Куманово го промовираше третото од планираните најмалку четири засилувања за пролетниот дел од сезоната.

Станува збор за Бразилецот Жоао Виктор Соарес Флорес, кој е поранешен репрезентативец на оваа јужноамериканска земја во младинска конкуренција.

Соарес Флорес има 22 години, настапува на пивотменската позиција, а играњето во Куманово ќе му биде прво интернационално искуство, откако претходно настапуваше за Национал и Праја во татковината.

Куманово остана без десниот бек Каио Винисиус кој се пресели во тимот на Охрид, а наскоро ќе биде познато дали уште некој од актуелниот ростер ќе замине.

Кумановци ќе се борат за опстанок во Супер лигата, а за таа цел ќе донесат најмалку четворица интернационалци, слично како и лани кога играат во плеј-аутот.