Куманово направи голем чекор кон директен опстанок во лигата и бегање од зоната што води во бараж, откако со 26-25 (12-13) триумфираше во Радовиѓ. Со овој „брејк“ кумановци сега се на делба на второто место на табелата со 11 бода заедно со Прилеп, три повеќе од Струга и пет од Радовиш.
Имаа домашните имаа речиси 30 секунди да организираат напад од кој барем ќе постигнат гол за реми, немаа можност сериозно да упатата удар кон голот на Михајловски кој со 12 одбрани беше одличен на средбата.
За двата тима дуелот значеше бегање од зоната која ги води во бараж, а имаат за играњ еуште четири натпревари. Домашниот тренер Игор Котевски со проблеми околу составот и повреди на неколку клучни играчи, како Илиев и Паунов. И покрај тоа домашните ракометари дадоа максимум за да може да му парираат на тимот од Куманово.
Лошо почна средбата за домашните кои имаа негатива од 2-5 во 11 минута. Како што гостите брзо поведоа, така брзо стигна и изедначувањето, за само три минути кога Лазар Адамовиќ израмни на 5-5. Сега предноста беше на страна на Радовиш чии ракометари направија серија со која поведоа 8-6.
Но, и тоа брзо се смени зошто кумановци израмнија на 8-8. Гостите го имаа расположениот голман Христијан Михајловски кој одбрани во првото полувреме пет топки, за разлика од спротивната страна каде Ристов и Костадиновски заедно имаа само две одбрани.
Последните две минути од првото полувреме Рдаовиш пак направи предност од два гола, за водство 12-10. Имаа десетина секунди домашните да организираат пследен напад, но упатената топка заврши во аголот од стативата и пречката, па резултатот остана 13-12 за Радовиш..
Почетокот на второто полувреме му припадна на Радовиш кој повторно во дванаврати имаше предност од два гола, но и напад за „плус 3“ кој не заврши успешно, па гостите пак намалија на „минус 1“. И во вториот обид на отидат на три гола предност, радовишките ракометари не ја искористија, бидејќи Михајловски го одбрани шутот на Петар Стојановски. Казната стигна на другата страна кога Иван Димитров од крило намали на 19-18.
Немаше друга избор Котевски освен да го уфрли во игра и искусниот голман Паунов за да се добие цврстина во одбраната. Она што Радовиш го промашуваше, Куманово не го пропушташе, па во 46 минута израмни на 20-20. Стигна и очекувана поддршка од голманите, откако Паунов одбрани, но нападот пак беше непрецизен.
Во последните десет минути домашните влегоа со предност од 22-21. На промашувањата на Радовиш гостите возвратија со два погодоци и водство 23-22 во 53 минута. Давид Димевски во 55 минута погоди за водство 24-22, но Постолов брзо врати со гол.
На 180 секунди до крај Куманово имаше водство 25-24 напад од кој повторно погодија. Крајот беше се поблиску, а предноста на гостите два гола која изгледаше тешко достижна. И така остана до крај, гостите триумфираа.
Давид Димевски со 9 гола и Гиљермо да Силва со седум беа најпрецизни во победничкиот тим, а по 6 гола за Радовиш постигнаа Славе Јанков и Игор Чеселиов.
Во следното коло Радовиш е слободен, но ќе си заработи два бода и победа од 10-0 поради исклучувањето на Борец ФЛ, додека Куманово е домаќин на Струга.
До крај на плејаутот Радовиш ќе треба да гостува кај Струга, дома да игра со Прилеп и во последното коло да гостува кај Пролет. Куманово ќе бид едомаќин на Пролет, и ќе биде слободен.