Иако во разигрувањето за опстанок стартуваше со само 1 бод, екипата на Куманово донесе неколку интернационалци и сега е на чекор до опстанок во елитата. Во дербито на врвот на табелата во плејаутот кумановци со 29-23 (14-9) го победија Еурофарм Пелистер 2. Сега Куманово е втор на табелата со бод заостанување зад Прилеп, а два бода пред битолчани. До крај остануваат за играње уште пет кола.
Според промената на пропозициите кои се случија дури откако заврши првиот дел од сезоната и беше познато кои екипи ќе играат за титулата, а кои за опстанок РФМ донесе одлука од лигата да испаднат директно 5 екипи. Прилеп, Куманово и Еурофарм Пелистер засега се во директна борба и решаваат кои екипи ќе останат во Супер лигата, а која екипа ќе игра бараж за опстанок. Теоретски шанси има дури и Вардар Неготино иако тие заостануваат три бода зад Еурофарм Пелистер.
Странците во Куманово постигнаа 20 од вкупно 29 голови на средбата со Еурофарм Пелистер 2. Домашните го имаа и Наум Костов како одличен пеналџија, реализирајќи пет седмерци.
Од самиот почеток Куманово имаше водство кое „полека-полека“ го зголемуваше, не оставјќи му надеж на гостинот да биде резултатски во игра. На полувреме веќе беше 14-9 за домашните, како најава за нова седма победа во плејаутот.
На половина од вториот дел од средбата, Куманово веќе имаше предност од 21-13, предност што им даваше за право да се надеваат на трите бода и победа. Успеаја гостите да намалат на „минус 4“, но потоа домашните пак се одлепија.
Навидум мирен меч, но во 56 минута сите играчи од двата тима, стручнитеа штабови , делегато влетаа на терен да ги смират страстите, откако на еден дуел меѓу Петар Маркоски и Алекса Радичевиќ настан амешаница. Судиите гледаа снимка н алаптоп, па решија играчот на Куманово да замине на трибините, а на на битолчани на клупата со казна од 2 минути. Казна од 2 минути доби и Богдан Мијушковиќ од Еурофарм Пелистер 2.
Натпреварот веќе беше решен, бидејќи домашните имаа предност од 27-21, а останаа само неколку минути за играње.
Кај домашните најпрецизен беше Огњен Радојиќиќ со 8 гола, а Алекса Радичевиќ даде 6 гола, исто колку и Наум Костов. Кај гостите од Битола, пет гола даде Алем Хаџиќ,м а по три постигнаа Иван Димитровски и Мирче Кајалџиоски.
ТАБЕЛА