Од денеска Романија е домаќин на Светското првенство за кадетки, кое ќе се одржува во четири града – Крајова, Миовени, Питешти и Валчeа.
Ова е третото издание на шампионатот со 32 репрезентации, кои доаѓаат од шест континентални конфедерации. Селекциите се поделени во осум групи со по четири екипи, а двете најдобропласирани од секоја група ќе обезбедат место во главната рунда.
Актуелниот светски шампион Шпанија ќе ја започне одбраната на титулата во групата Ц против Гвинеја, додека домаќинот Романија во воведниот натпревар од групата Ф ќе се соочи со Уругвај.
Историја ќе испишат Фиџи и Мексико, кои за првпат ќе настапат на Светско првенство за кадетки. Фиџи воедно ќе стане и првата островска држава од Пацификот што ќе игра на овој шампионат.
Распоред на натпревари, 1 коло:
Група А
11:45 Хрватска – Египет
14:00 Франција – Фиџи
Група Б
16:15 Данска – Јужна Кореја
18:30 Чешка – Мексико
Група Ц
11:45 Шпанија – Гвинеја
14:00 Германија – Узбекистан
Група Д
16:15 Црна Гора – Холандија
18:30 Аргентина – Португалија
Група Е
11:45 Унгарија – Тунис
14:00 Шведска – Канада
Група Ф
16:15 Кина – Казахстан
18:30 Романија – Уругвај
Група Г
11:45 Јапонија – Ангола
14:00 Словачка – Бразил
Група Х
16:15 Швајцарија – Словенија
18:30 Србија – Алжир
Светското првенство ќе трае до 10 август, а најдобрите млади ракометарки од светот ќе се борат за светската титула, која ја брани репрезентацијата на Шпанија.

























