Машката кадетска репрезентација на Македонија денеска го има првиот предизвик на Европското првенство во Србија.
Ривал ќе ни биде селекцијата на Словенија, а селекторот Горан Кузманоски ги избра 16 ракометари што ќе играат на овој меч.
Надвор од комбинација за двобојот со Словенија останаа голманот Атанасиј Трсунов и десното крило Андреј Георгиев.
Натпреварот ќе се игра од 12:00 во салата „Бранислав Покрајац“, а ќе го судат Хуго Ксавиер и Алешандре Браганка од Португалија.

























