Maшката кадетска репрезентација е во Србија, каде од утре ќе го започне настапот на Европското првенство, прво големо натпреварување за оваа генерација.
Капитенот Ѓорѓи Николовски е оптимистички расположен и верува дека репрезентацијата може да оствари добри резултати на ЕП.
„Ние како тим знаеме колку вредиме. Сите веруваме еден во друг, што мислам дека влијае многу на оваа репрезентација, затоа што сите сме дојдени тука со верба дека можеме многу повеќе од што е очекувано за Македонија. Никој не се става притисок еден на друг, ниту од селекторот немаме притисок. Знаеме дека имаме тешка група, но не се предаваме. Одиме со сите да играме и да се натпреваруваме. Гледавме видео материјали од Словенија. Не се толку над сите. Сите сме тука некаде, и со Шведска, и со Франција, со сите може да се носиме. И на крај на ден да победиме“, изјави Николовски.
Maкедонија е во група со Шведска, Словенија и Франција, а првата пресметка на ЕП ќе биде против Словенците утре во салата „Бранислав Покрајац“ од 12:00 часот.
▶▶▶ Добивај директно РАКОМЕТНИ ВЕСТИ вести на твојот мобилен телефон, приклучи се на Viber групата на семејството на 24Ракомет. Со еден клик до сите вести.
_____________________________________________________________________________________________________
























