Кудлач сама го победи Брест, Крим немаше сили за нова сензација

Денес беше комплетирано четвртото коло од Лигата на шампионите, во кое на победа се радуваа екипите на Битигхајм, Икаст, Вајперс, Оденсе, Ѓер, Мец и Есбјерг,

Германскиот шампион Битигхајм на свој терен го победи Брест Бретањ со 34:30 и со освоените бодови дојде до четврта победа во низа.

Одлична партија во победничката екипа имаше Каролина Кудлач, која постигна дури 14 погодоци, додека голманката Мелинда Шикора забележа 11 интервенции.

Битигхајм во претходните три кола ги совлада екипите на Дебрецен, ЧСМ Букуррешт и Будуќност.

Екипата на Крим Меркатор не успеа да дојде до четврти триумф, откако во дерби дуелот со повратникот во европската елита, тимот на Икаст, беше минимално поразен со 33:32.

Икаст моментално има „четири од четири“ и е на добар пат да заврши на едно од првите две места во својата група.

Актуелниот бранител на титулата Вајперс Кристијансад неочекувано загуби од Есбјерг со 38:37,  додека европскиот вицепрвак Ференцварош одигра реми со Рапид Букурешт, 24:24.

Лига на шампиони, 4 коло, резултати:

група А
Битигхајм – Брест Бретањ 34-30
Оденсе – Дебрецин 33-30
Савехоф – ЧСМ Букурешт 26-41
Ѓер – Будуќност 37-19

група Б
Мец – Заглебје 42-26
Ференцварош – Рапид Букурешт 24-24
Кристијансанд – Есбјерг 37-38
Икаст – Крим 33-32