По Андреа Лекиќ, Драгана Цвијиќ и Катарина Томашевиќ, уште една ракометарка од одличната генерација на Србија се враќа во националниот тим.
Станува збор за десното крило на романската Крајова, Катарина Крпеж Шлезак, која во минатото го носеше дресот на Металург.
Најдобриот стрелец од ЕП 2018 и во моментов најдобриот стрелец на романскиот шампионат по пауза од шест години одново ќе заигра за Србија.
„Заминувањето од репрезентацијата не беше моја желба, но сега имаме прилика да се промени тоа. Тешко ми е да спијам од возбуда, едвај го чекам собирот во март. Не можам да дочекам одново да заиграм со Андреа, Драгана, Катарина и останатите девојки. Долго зборувавме за тоа како би било да се вратиме во репрезентацијата и да ја вратиме Србија таму каде што и е местото. Не верувавме дека тоа некогаш ќе се случи, но нашиот сон се оствари. Тука сме да помогнеме на младите ракометарки, заедно да уживаме на теренот и да бележиме добри резултати“, изјави Крпеж Шлезак.
Србија ја очекуваат две пријателски средби во март против Македонија, а потоа во април двомеч со Словенија за пласман на Мундијалот во Холандија и Германија.
Крпеж Шлезак по настапите во Врњачка Бања, Кикина, Зајечар и Металург, афирмацијата ја стекна во словенечкиот Крим, шест сезони играше за унгарскиот ЕРД, кратко беше во рускиот Ростов Дон пред да се врати во Крим, а од 2022 до 2024 беше дел од Крајова. Од летото настапува за Корона Брашов.