Репрезентацијата на Косово значително ги зголеми шансите за пласман на Европското првенство 2026, откако во Приштина славеше над Украина со 31:30 (16:12) во третото квалификациско коло
Предводници во победата на Косово беа Леонард Гегај со девет и Дедај Ваљон со гол помалку, додека во Украина прво име беше Дмитриј Артеменко со десет погодоци.
За Косово ова беше прва победа во квалификацискиот циклус и со двата бода дојде до три на свое конто.
Двете репрезентации второто соочување ќе го имаат на 16 март, на неутрален терен, во литванскиот град Клаипеда.
Косово во првото коло од квалификациите загуби од Фарски Острови, а во второто одигра реми со квалитетната Холандија.
Квалификации за ЕП 2026, 3. коло, резултати:
ГРУЗИЈА – БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА 28-26
ФИНСКА – СЛОВАЧКА 22-21
СРБИЈА – ШПАНИЈА 27-25
ПОЛСКА – ПОРТУГАЛИЈА 36-36
ЛЕТОНИЈА – ИТАЛИЈА 30-35
КОСОВО – УКРАИНА 31-30
АВСТРИЈА – ГЕРМАНИЈА 26-26
21:00 ИЗРАЕЛ – РОМАНИЈА
Шпанија на колена пред Србија, Полска и Португалија со драматично реми
Орјоникидзе и Сковребадзе диригираа, Грузија ја совлада БиХ и остана во игра за ЕП!