Македонски репрезентативец доаѓа во Еурофарм Пелистер 2 – Автокоманда ја замени со Битола!

Еурофарм Пелистер 2 продолжува со создавање тим што треба да биде спој на младост, квалитет и играчи со сериозен простор за развој. Ново име во составот на битолчани треба да биде средниот бек – младинскиот репрезентативец на Македонија, Марин Крстевски, 19-годишен организатор на играта, кој Автокоманда ќе ја замени со Битола.

Тој беше еден од најдобрите ракометари на „витамините“, кои се пласираа минатата сезона од прволигашката конкуренција во елитата, но реши да ја промени средината, дознава 24Ракомет.

Крстевски потекнува од составот на Аеродром, може да ги покрие сите бековски позиции, а во последните неколку години настапуваше за двата тима од Автокоманда, со кои освои многу индивидуални награди на завршните турнири во младинските категории. Во колекцијата покрај индивидуалните признанија, има и шампионски титули во пионерска, кадетска и младинска конкуренција.

Тој е поранешен кадетски и актуелен младински репрезентативец на Македонија. Зад себе веќе има настапи на две големи натпреварувања – кадетското ЕП 2024 во Црна Гора и младинското ЕП 2026 во Романија. Повеќепати на тие натпревари беше избран за МВП.

Битолчани ова лето веќе донесоа неколку нови имиња, а во тимот се и Кристијан Симоноски, Божидар Илиески, Марко Трајков, Давид Димевски и Александар Стојков, а предводник на клубот ќе биде Бранислав Ангеловски, тренер кој веќе покажал дека знае да работи со млад тим, да го развие и истовремено да донесе резултат.

_________________________________________________________________________________________
▶▶▶  Добивај директно РАКОМЕТНИ ВЕСТИ вести на твојот мобилен телефон, приклучи се на Viber групата на семејството на 24Ракомет. Со еден клик до сите вести.
_____________________________________________________________________________________________________