Досегашниот чувар на мрежата на Прилеп, Илчо Ивчески, реши да ја заврши играчката кариера.
Прилепчанецот му кажува збогум на ракометот на 25 години, а клубот веднаш се активираше и го донесе младиот Никола Стојкоски.
Ивчески потекнува од Прилеп, а во кариерата настапуваше и за три скопски клубови – Металург РА, Македонија Ѓорче Петров и Работнички.
Од минатата полусезона од клубот замина и Стефан Христоски, па прилепчани во новата сезона ќе го имаат триото – Благојче Трајкоски, Иван Ангелески и Никола Стојкоски.
























