Македонската репрезентативка Андреа Седлоска по шест сезони замина од хрватскиот вицепрвак Локомотива Загреб.
Седлоска со Локомотива Загреб освен во домашното првенство имаше успешни настапи на домашната сцена, но и на меѓународна во Лигата на шампионите, Лигата на Европа и ЕХФ Европскиот Куп.
Левиот бек на македонската репрезентација во Македонија ги бранеше боите на Вардар пред да замине во Хрватска.
Таа настапи за Македонија на две големи натпреварувања во сениорска конкуренција – ЕП 2022 во Македонија, Словенија и Црна Гора и ЕП 2024 во Унгарија, Австрија и Швајцарија.

























