Египет ја шокира Франција, познати првите 12 патници во главната рунда на Мундијалот!

На Светското првенство за кадетки во Романија беа одиграни натпреварите од второто коло, по кои веќе се познати 12 од 16 репрезентации што обезбедија место во главната рунда.

Најголемото изненадување го приреди Египет, кој ја совлада Франција со 29-24 и со максимални четири бода го обезбеди првото место во групата. Убедлива победа оствари и Хрватска, која го декласира Фиџи со 67-4, па вторник патник од оваа група за главната рунда покрај Египет, ќе го решат Франција и Хрватска во меѓусебен двобој.

Данска ја оправда фаворитската улога против Мексико (47-10), додека Јужна Кореја во неизвесен натпревар ја совлада Чешка со 24-23.

Германија и Шпанија со нови убедливи победи над Гвинеја (36-21) и Узбекистан (46-22) обезбедија пласман понатаму, исто како и Црна Гора, која ја совлада Португалија со 31-28.

Без проблеми до нови триумфи стигнаа и Унгарија, Шведска, Кина, Романија, Словачка, Јапонија и Швајцарија, додека Словенија убедливо ја совлада Србија со 26-14.

По две одиграни кола, пласман во главната рунда обезбедија репрезентациите на Египет, Данска, Германија, Шпанија, Црна Гора, Унгарија, Шведска, Кина, Романија, Словачка, Јапонија и Швајцарија, додека последните четири учесници ќе бидат познати по одигрувањето на третото коло.

СП кадетки, 2 коло, резултати:

Група А
Франција – Египет 24-29
Хрватска – Фиџи 67-4

Група Б
Чешка – Јужна Кореја 23-24
Данска – Мексико 47-10

Група Ц
Узбекистан – Шпанија 22-46
Германија – Гвинеја 36-21

Група Д
Аргентина – Холандија 21-30
Португалија – Црна Гора 28-31

Група Е
Канада – Унгарија 15-53
Шведска – Тунис 33-19

Група Ф
Романија – Казахстан 37-13
Уругвај – Кина 22-34

Група Г
Јапонија – Бразил 31-27
Ангола – Словачка 11-33

Група Х
Србија – Словенија 14-26
Алжир – Швајцарија 14-28