Помладената репрезентација на Србија на свој терен во Краљево во драматичен натпревар триумфираше против Шпанија со 27:25 во рамките од третото коло во квалификациите за Европското првенство 2026.
Речиси целиот натпревар мина во игра гол за гол, па така резултатот најчесто беше нерешен. Домаќини клучната разлика ја направи во последните десет минути кога од негатива од 21:20 направија серија од 6:0 и дојдоа до 25:21.
Шпанците не се откажуваа, ја искористија опуштеноста на домаќините кои предвреме започнаа да слават, се доближија на 26:25, останаа уште осум секунди, а средниот бек Лазар Кукиќ успеа да биде брз и да го совлада Хернандез за потврда на триумфот.
Најефикасен во победничката репрезентација беше Немања Илиќ со пет погодоци, по четири имаа Матеја Додиќ, Лазар Кукиќ и Драган Пешмалбек. Екс голманот на Вардар, Дејан Милосављев натпреварот го заврши со 12 интервенции.
Кај Шпанија најдобар поединец беше кружниот напаѓач Абел Сердио, кој зад своето име запиша четири погодоци.
Драма имаше и на натпреварот меѓу Полска и Португалија, а двете репрезентации си ги поделија бодовите, откако мечот заврши без победник, 36:36.
Квалификации за ЕП 2026, 3. коло, резултати:
ГРУЗИЈА – БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА 28-26
ФИНСКА – СЛОВАЧКА 22-21
СРБИЈА – ШПАНИЈА 27-25
ПОЛСКА – ПОРТУГАЛИЈА 36-36
18:40 ЛЕТОНИЈА – ИТАЛИЈА
20:15 КОСОВО – УКРАИНА
21:00 ИЗРАЕЛ – РОМАНИЈА