Во Македонија играше три сезони, сега го смени клубот во Франција

Српскиот репрезентативец Вања Илиќ, во наредната сезона ќе ги брани боите на францускиот Екс Ан Прованс.

Илиќ, кој потекнува од школата на Партизан каде што остана до 2015 година, во Македонија ја започна интернационалната кариера.

Една сезона мина во составот на Работнички, а потоа две сезони играше за Металург до 2018 година, пред да се пресели во шпанската Ла Риоха.

Таму остана една сезона и од 2019 до 2026 година беше дел од францускиот Шарт, но летово дојде време за разделба.

Илиќ е стандарден репрезентативец на Србија и на 83 натпревари досега за националниот тим постигна 210 погодоци.