Ден одмор за кадетите – утре почнува битката за пласман на СП

Машката кадетска репрезентација на Македонија запиша два порази по две кола на Европското првенство во Србија, а денеска е првиот ден за одмор.

Иако нема натпревар, момците на Горан Кузманоски ќе одработат тренинг, пред утрешната пресметка со се уште актуелниот (уште една недела) европски шампион Шведска.

Швеѓаните загубија од Франција и Словенија, ќе разигруваат само за пласман на ова Европско првенство, а дуелот од Македонија ќе одлучи која од двете селекции ќе биде на третото место во групата.

Натпреварот меѓу Македонија и Шведска е на програмата утре од 12:00 часот во СЦ „Шумице“.