Колстад на крилата на Гудјонсон и Сагосен му го нанесе првиот проаз на Кил

Норвешкиот првак Колстад му го нанесе првиот пораз на Кил во Лигата на шампионите, откако на свој терен триумфираше со 34:30.

По израмнетиот старт на натпреварот, домаќините предводени од Сандер Сагосен, екс играчот на Кил, полека започнаа да се одлепуваат и по петнаесетина минути игра имаа плус пет, 11-6.

Беше и 13-8, но Сагосен згреши два пати, уште еднаш и Гудјонсон промаши пенал, па крилата Екберг и Ландин ги казнија грешките на домашните. Кил набрзина се врати во мечот и намали на 13-12.

По 17-16, исклучувања по ред добија Дувњак и Билик, па Колстад го искористи тоа и преку Сагосен стигна до 19-16. Лисе промаши пенал во финишот и не успеа да го зголеми домашното водство, па на пауза Кoлстад замина со плус три (19:16).

Слична беше ситуацијата во вториот дел, во кој норвешкиот шампион ја одржуваше стекнатата предност, водеше со еден до три гола разлика и никако не му дозволуваше на Кил да се врати во игра.

Германскиот првак имаше неколку шанси за камбек, но не успеа да ги искористи, па така Колстад дојде до два важни бода.

Најефикасни во Колстад беа Бјорн Гудјонсон со десет и Сандер Сагосен со осум погодоци. Кај Кил се истакна Никлас Екберг, кој со десет погодоци беше единствена светла точка во редовите на „зебрите“.