Тимот на Курнон Доверњ, кој е предводен од Марјан Колев, врза две победи во Втората лига на Франција.
Македонскиот стратег и неговиот тим славеа против фаворитот Селеста со 26-25 во натпревар од 23 коло.
На полувремето Курнон водеше со гол разлика, 12-11, а во вториот дел успеа да ја задржа предноста за нов триумф.
Сега Курнон на Колев има 16 бода на 12 место на табелата, шест помалку од шестопласираниот Шербур, односно од последното место што води во разигрување за елитата, но и пет повеќе од Анже, кој се наоѓа на 15 место што води во понизок ранг.